еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Сите детали: Колку пари граѓаните ќе може да си вратат со повратот на ДДВ

Враќањето на 15 проценти од данокот на додадена вредност (ДДВ) на граѓаните се очекува да се применува од 1 јули, информираа денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

„Преку мерката „Мој ДДВ“, граѓаните заедно со финансиските институции, ќе остварат две главни цели, првата цел е да се вратат пари кај граѓаните, а втората цел е да учествуваат во намалувањето на сивата економија и во елиминацијата на даночното затајување.

Благодарение на оваа мерка, едно четиричлено семејство ќе може да си врати на сметка до 28.800 денари годишно во семејниот буџет. Нешто повеќе од една просечна плата во нашата земја, односно плата плус за секое семејство“, рече Заев.

Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то ќе биде достапна за сите граѓани кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП, и кои од 1 јули ќе ја преземат одговорноста редовно да си ги земаат фискалните сметки на продажните места, а потоа и да ги скенираат преку мобилен телефон.

„Доколку се исполнат нашите очекувања и граѓаните бараат сметки, ќе им бидат вратени околу 50 милиони евра годишно. Максималниот износ на поврат за едно лице ќе изнесува 1.800 денари за три месеци. 98 отсто од домаќинствата ќе можат да направат поврат на ДДВ на нивната вкупна потрошувачка, а за оние најбогатите два проценти ќе има лимит“, информираше министерот за финансии Драган Тевдовски, и додаде дека оваа придобивка е обезбедена за сите граѓани.

Тој додаде дека заради правичност, за да не се случи повратот да оди главно кај најбогатите граѓани, поставени се лимити кои оневозможуваат поврат на дел од ДДВ-то од сметка над 30.000 денари.

На прес конференцијата во Владата денеска беше презентирана и апликацијата „Мој ДДВ“ која што граѓаните ќе ја користат од 1 јули, и со која ќе се скенираат валидните фискални сметки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компаниите од Ивент индустријата разочарани од мерките на Владата за финансиска помош

Редакција

Граѓаните чии сметки за струја не одговараат со потрошувачката, да се обратат до ЕВН

Редакција

(Фото) 96 бездомници, од кои 66 деца добија достоинствени услови за живот

Редакција