Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 извршители на работно место „полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:
-во Сектор за внатрешни работи Скопје, 150 извршители
-во Сектор за внатрешни работи Струмица, 50 извршители
-во Сектор за внатрешни работи Охрид, 70 извршители
-во Сектор за внатрешни работи Битола, 10 извршители
-во Сектор за внатрешни работи Тетово, 10 извршители
-во Сектор за внатрешни работи Велес, 20 извршители
-во Сектор за внатрешни работи Штип, 10 извршители
-во Сектор за внатрешни работи Куманово, 10 извршители
-во Регионален центар за гранични работи Север, 100 извршители
-во Регионален центар за гранични работи Запад, 100 извршители
-во Регионален центар за гранични работи Југ, 50 извршители
-во Регионален центар за гранични работи Исток, 20 извршители.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
-да е државјанин на Република Северна Македонија
-да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование
-активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо
-со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот
-да има завршено најмалку четиригодишно средно образование
-да е здравствено и психофизички способен и
-со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Целиот оглас ОВДЕ.
Фото: МВР