еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Сите детали: Објавен јавниот повик за субвенции на Град Скопје за чистење на оџаците

Градот Скопје продолжува со доделување субвенции за чистење на оџаците, со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

За таа цел, Град Скопје го објави Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2020 година.

„Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на граѓаните и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.

Субвенциите важат и за исчистени оџаци од 01.01.2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2020 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен,“ односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со буџетот на Град Скопје за 2020 година,“ се вели во соопштението на Град Скопје.

Повеќе информации за јавниот повик можете да добиете ОВДЕ.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Оне.Вип“ го доби тендерот на МРТ за мобилна телефонија вреден 2,2 милиони денари

Редакција

Кулминација на превирањата во „Топлификација“: Судот одобри стечај, фрчат кривични пријави

Редакција

Пад на бројот на реинфекции со Ковид-19

Редакција