еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали: Објавен Протоколот за запишување на првчињата

Владата го усвои Протоколот за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта.

Еве што пишува во него:

“Запишувањето на ученици во прво одделение во основните училишта се спроведува во месец јуни во термин утврден од страна на Комисијата за запишување на ученици формирана од страна на директорот на училиштето, согласно Законот за основното образование.

Помеѓу секој термин за разговор со секое дете потребно е да има пауза во траење од најмалку 20 минути.

Средство за дезинфекција на обувките и рацете задолжително се поставува на влезот од училиштето.

Училиштето на влезот на училиштето поставува едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.

Разговорот со детето кое се запишува во прво одделение се врши во просторија во училиштето, определена за таа намена, која треба да овозможи најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата.

Во просторијата може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од родителите/старателите на детето.

Членовите на комисијата за запишување и родителот/старателот на детето задолжително носат заштитна маска на лицето и ракавици.

Во просторијата каде што се спроведува разговорот со детето задолжително д а се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со цел да се обезбеди почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол).

Просторијата во која се спроведува разговорот со детето е потребно почесто да се проветрува, по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите.

За време на паузите се забранува групирање на присутните во училиштето.

По завршување на разговорот, потребно е просторијата да се исчисти (особено работната површина на која се работело со детето) и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 7096 алкохол за дезинфекција за горни површини.

Во просторијата за разговор и на излезот на училиштето потребно е да се обезбеди корпа за отпадоци со капак.

Во училиштето е потребно редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На децата ќе им се мери температура при влез, дезинфекција ќе има секои 2 часа, што пишува во Протоколот за градинките

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Епидемиологот Микиќ: Смртноста од корона вирусот е под 4%, но мора следниот период да го заштитиме системот

Редакција

Убава вест: Оздравени 50 заболени од Ковид-19

Редакција

Дали да се добие имунитет природно е побезбедно, отколку да се добие од вакцина против Ковид-19?

Редакција