еМагазин
Image default
Македонија

Приведени петмина вработени во општина Тетово, надлежните во потрага по едно лице

Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, постапувајќи по Наредба од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во период јануари-декември 2019 година, обезеди докази за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ст.5 од КЗ на РСМ од страна на вкупно 13 лица, извршени при спроведување на постапка за легализација на непостоечки објект и во постапка за приватизација на земјиште сопственост на Република Северна Македонија, соопшти МВР.

На 05.12.2019  Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кривично ги пријави: З.Т.(61), поранешен Претседател на спортско здружение од Тетово, Џ.А. (43), Советник за просторно и урбанистичко планирање во Одделението за урбанистичко планирање и градење при Општина Тетово, И.К. (47), порано вработен на работно место Раководител на технички сектор по потреба на општина Тетово во јавно претпријатие при општина Тетово, К.И. (44), порано вработен на работно место Самостоен референт за правни работи по потреба на Општина Тетово во истото јавно претпријатие при општина Тетово, Ј.Ј. (68), порано вработена на работно место Советник за првостепена управна постапка во Сектор за управна постапка, во подрачно одделение за првостепена управна постапка – Тетово, И.Р. (61), самостоен референт – геометар при Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка Тетово и Ц.Н.(53), сосопственик и управител на приватно правно лице од Тетово за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.5 в.в. ст.3 од КЗ, додека пак А.Н. (56), сопственик и управител во Друшво за геодетски работи од Тетово, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353 ст.5 в.в. со ст.4 и ст.3 од КЗ, а и С.П.(51), порано вработен на работно место Раководител на Секторот за урбанизам, сообраќај и комунални дејности при Сектор за урбанизам сообраќај и комунални дејности, Општина Тетово, Б.Н. (42), порано вработен на работно место Советник за нормативно управни работи и жалби при Секторот за урбанизам, комунална дејност и животна средина, Одделение за урбанистичко планирање и градење, С.Б. (62), порано вработен на работно место Градоначалник на Општина Тетово, М.И. (68), порано вработен на работно место Раководител на Управа за имотно правни работи – Одделение за управна постапка Тетово и Ј.Ѓ. (61), Државен правобранител на Р.С.М за подрачје на Општина Тетово за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст. 5 од КЗ на Р.М.

Имено, З.Т. во својство на службено лице, одговорно лице-претседател на спортско здружение од Тетово поднел лажни докази (Изјава и геодетски елаборат за посебни намени) и започнал постапка за легализација, односно утврдување на правен статус на непостоечки објект, наводно лоциран на катастарска парцела во катастарска општина Тетово 1 Тетово, со намера по завршувањето на управната постапка наместо како овластено лице на спортското здружение за откупот на земјиштето, здружението да плати цена во износ утврден од страна на општината, спротивно на законските одредби, правниот наследник на спортското здружение, приватно правно лице од Тетово, истовремено да започне друга-втора управна постапка пред друг надлежен орган-одделение за имотно-правни работи при општина Тетово, односно да започне постапка за приватизација на земјиште (Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост) сопственост на РСМ, знаејќи дека во таков случај цената за приватизацијата на земјиштето би била значително пониска, односно би достигнала износ од неколку стотици илјади денари, со што предизвикал штета на Буџетот на РСМ во износ од десетици милиони денари.

На 25.08.2011 година, од страна на З.Т. поднесено е Барање за легализација во Сектор за урбанизам и управување со државно земјиште-Тетово кај службеното лице Џ.А., кон кое приложил документи со невистинита содржина, односно нотарски заверена изјава со која лажно изјавил дека станува збор за објекти изградени во 1995 година и геодетски елаборат за посебни намени кој не бил заверен во Агенција за катастар на недвижности Тетово во кој од страна на А.Н., (овластен геодет во приватно правно лице) бил прикажан-нацртан непостоечки објект.

На 09.01.2012 година К.И. и И.К., вработени во Општинската администрација во Општина Тетово извршиле увид на лице место на предметната катастарска парцела и изготвиле записник во кој внеле невистинити податоци, односно дека на парцелата постои бесправно изграден објект кој претставува градежна и функционална целина и кон истиот приложиле вкупно шест фотографии од кои не можело да се утврди дали објектот се наоѓа на предметната парцела.

Потоа на 12.01.2012 година, Џ.А. изготвил и потпишал урбанистичка согласност за утврдување на правен статус за непостоечки објект и за непостоечки барател (приватно правно лице-правниот наследник на спортско здружение) кој во централниот регистар на Република Северна Македонија бил регистрирано три месеци подоцна, датум по донесување на урбанистичката согласност, која била потпишана и од службеното лице, С.П.

На ден 25.12.2012 година Џ.А. изготвил и потпишал Решение за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект и покрај тоа што знаел дека на парцелата не постои објект, односно дека постојат само тениски терени. Решението истиот ден било исконтролирано и потпишано како од службеното лице Б.Н. и така и од тогашниот градоначалник на Општина Тетово, С.Б.

„Бидејќи постапката за легализација траела подолго, во меѓувреме Ц.Н. во својство на службено лице, управител приватното правно лице и покрај тоа што знаел дека пред Секторот за урбанизам при Општина Тетово се уште не била завршена управната постапка за легализација на непостоечки објект, (започната на 25.08.2011 година), со намера да предизвика штета на Буџетот на РСМ и за своето приватно правното лице да прибави противправна имотна корист на 24.04.2012 година во Барањето за купување на градежно земјиште сопственост на РСМ поднесено во Одделението за имотно правни работи Тетово, навел дека приложува извод од ДУП (детален урбанистички план) и покрај тоа што знаел дека во управна постапка поднел лажен доказ, извод од ПЛАН ЛУПД (локално урбанистичко планска документација) од 23.04.2012 година, кој по негово барање противзаконски бил изготвен од страна на Џ.А“, велат ов МВР.

На 25.04.2012 година, Ј.Ј. како Советник за првостепена управна постапка, Барањето кое претходниот ден го примила од Ц.Н. го доставила кај лицето И. Р., Самостоен референт – Геометар за Тетово за да истиот изврши увид на лице место.

Истиот, при вршењето на своите овластувања и должности извршил увид на предметната парцела за што изготвил службена исправа – Записникво кој внел невистинити податоци,односно навел дека извршил увид во Детален урбанистички план (ДУП) и покрај тоа што тој не извршил увид во Детален урбанистички план, бидејќи знаел дека ДУП за Урбан Блок 27 КО Тетово не постои, туку извршил увид само во противзаконито изготвениот Извод од План ЛУПД од страна на Џ.А., по што своерачно го потпишал така изготвениот Записник и го доставил до Ј.Ј. за понатамошно службено постапување.

По добивање на Записникот од И.Р., на ден 27.04.2012 година Ј.Јги повредила законските прописи за спроведување на управна постапка, односно и покрај тоа што од приложеното Решение за доделување на земјиште од 1995 година можела да утврди дека земјиште сопственост на РМ било доделено на користење на спортското здружение кое било задолжено да плати надомест, постапила спротивно на законските одредби, односно без извод од урбанистички план и без донесен ДУП, изготвила решение за приватизација на градежно земјиште, знаејќи дека барател е правно, а не физичко лице, повикувајќи се на член 18 од Законот за приватизација кој се однесува за приватизација на градежно земјиште од страна на физички лица.

По ова, Ј.Ј преку М.И. истиот ден, со допис „Бара мислење“ го доставила до надлежниот државен правобранител, Ј.Ѓ.

Ј.Ѓ на 11.05.2012 година изготвила и потпишала документ „Дава мислење“ со кој ги озаконила/легализирала противзаконските постапки претходно сторени од страна на: Ц.Н, сопственик на приватно правно лице. и Ј.Ј., И.Р. и М.И.сите вработени во Одделението за имотно правни работи Тетово и на тој начин овозможила противзаконита приватизација на земјиште сопственост на РСМ, предизвикувајќи штета на Буџетот на државата од десетици милиони денари.

На 30.12.2019 година со Наредба за приведување на шест лица, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал приведени се пет лица (Ц. Н., К. И., И. К. и И.Р.) кои се однесени пред Судија на претходна постапка при ОСС 1 Скопје, додека пак по едно лице (З.Т) се уште се трага.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ продолжи со аферата „Паразити“: Директорите на ЕСМ и МЕПСО, Ковачевски и Муртезани, со месечна плата од 1.700 евра

Редакција

Завршни зборови за случајот „Софтвери“, професорот Димитровски побара ослободителна пресуда

Редакција

„Држи ли вода“ иницијативата на Левица: И референдумот во 1991 имаше двосмислено прашање

Редакција