еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали од протоколот за јавни настани: Влез преку коридори, сите со маски, седење преку едно седиште

Владата го објави протоколот за начинот и условите за организација на настани.

Содржината Ви ја пренесуваме во целост:

ОПШТ ДЕЛ

Настаните да се организираат и одржуваат на отворено.

Настаните да се организираат со 50% од капацитетот на местото каде што ќе се одржува настанот.

Задолжително е носењето на лична заштита на лицето на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, согласно член (2) од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот и заштита на населението за време на вонредна состојба.

Задолжително одржување на физичко растојание од два метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.

Задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.

Задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, за целото времетраење на настанот.

Засилени санитарно-хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.

Задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки.

ЗА ПУБЛИКАТА

Намалување на капацитетот на местото каде што ќе се одржува настанот за 30%.

За настаните на отворено да се овозможи соодветен простор за физичко растојание на посетителите.

Во затворените простори да се овозможи седење преку едно седиште.

Зголемување на времетраењето потребно за влез и излез на посетителите.

Регулирање на препорачаното растојание помеѓу посетителите при влез и излез, од страна на организаторот, преку спроведување на коридорски систем на движење на публиката.

Пресонализирање на продадените билети, т.е. регистрација на сите посетители при купување на билет (име и презиме и некоја друга соодветна идентификација). Се препорачува бесконтактно набавување на влезници.

Задолжително носење на маска за секој посетител – влезот нема да биде дозволен без маски.

Задолжителна дезинфекција на влез за секој посетител.

Задолжително мерење на температура на влез за секој посетител.

Продажбата на пијалаци и храна да биде забранета на концерти, со исклучок на експо саеми каде изложувањето на пијалаците би било во функција на дегустација.

Служење на пијалаци и храна да биде дозволено само како мобилно послужување, без шведска маса (корпоративни настани и прослави).

Ангажирање на патролна служба за почитување на мерката за носење маски и држење растојание.

ЗА ОРАНИЗАТОРИТЕ

Сите членови од тимот да бидат опремени со заштитна опрема.

Обезбедување на средства за дезинфекција и нивно постојано користење за време на настанот.

Задолжително мерење на температура на членовите на тимот и учесниците.

Намалување на бројот на тимот кој ќе има контакт со изведувачите или учесниците на настанот.

Намалување на бројот на тимот кој ќе циркулира помеѓу посетителите.

Обезбедување на соодветен простор за физичко растојание и престој на учесниците пред, за време и по настанот.

Зголемување на просторот помеѓу бината и првите редови на посетителите.

Зголемување на димензиите на бината за овозможување на доволна физичко растојание на учесниците.

Обезбедување на поголем простор за миксетата и останата техничка опрема кога треба да биде поставена во делот кај публиката и обезбедување на физичко растојание помеѓу тимот и публиката;

Доколку просторот за организација на настанот овозможува, претставниците на акредитираните медиуми ќе имаат посебен влез и посебно место за лоцирање.

Доколку не, за нив важат истите насоки како и за публиката.

Доколку настанот побарува присуство на претставници на Министерството за внатрешни работи, за нив важат правилата за употреба на заштитна опрема.

Обезбедување на заштитна опрема доколку постои физичка продажба на билети на влезот на настанот.

Потсетување на посетителите на мерките на претпазливост и држење растојание пред почеток на настанот на видео бим (доколку има) или со снимен говор преку системот за озвучување.

Сите членови на физичкото обезбедување да бидат опремени со заштитна опрема (маски, ракавици, визири).

Задолжително објавување на мерките на сите ПР и маркетинг материјали за настанот како и објави на социјалните мрежи.

За филмските продукции доколку настанот се снима или има потреба за пренос во живо:

Поставување на камери и сниматели кои управуваат со истите на точно позиционирани места претходно одредени со најмало растојание  од 3 до 5 метри.

Режискиот пулт да биде поставен надвор и независно од сцената за изведба.

При снимање да се користи опрема од типот на кран како најбезбедна опција за пренос на слика од публика или оркестар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести го одобрила протоколот за јавни настани: Публика во 50 отсто од капацитетите

Владата донесе нови протоколи за музеите и галериите и измени кај обложувалниците и сместувачките објекти

Сите детали: ДИК ги утврди протоколите за гласање на изборите, како ќе гласат заразените со Ковид-19?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На возраст од 30 до 39 години, најмногу од новозаразените со Ковид-19

Редакција

По 20 години бегство на Табановце уапсен Драган Даравелски

Редакција

Сите детали за рекордната 7-ка на Лото 7 вредна 669.000 евра, која „падна“ во Визбегово

Редакција