еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали: Уапсениот инспектор од УЈП, фатен со 5.000 евра во коверт

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде Љ.С. (62) од Скопје, поради основи на сомнение дека во својство на даночен инспектор во Управата за јавни приходи, со намера да се стекне со противправна имотна корист, при вршење на службено дејство кое не смеел да го изврши, од сопственик на угостителски објект, побарал и примил поткуп во износ од 5.000 евра, информираат од МВР.

Во вршењето на кривичното дело му помогнале З.К. (60) и нејзиниот сопруг Љ.К. (63) двајцата од Скопје, ангажирани како сметководители од оштетената страна.

Имено, пријавениот во својство на службено лице, даночен инспектор, вработен во Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје, со намера да се стекне со противправна имотна корист, од крајот на јуни годинава до почетокот на ноември, помогнат од сметководителите, во неколку наврати побарал, а на 05.11.2018 примил поткуп во износ од 5.000 евра, од А.С., во замена за тоа угостителскиот објект на А.С., лоциран во ГТЦ, да не плати поголема сума на пари која наводно ја должела кон УЈП.

Од страна на А.С. на 9 октомври случајот е пријавен во СВР Скопје и веднаш се преземени соодветни мерки и актиовности. при што во текот на вчерашниот ден (05.11.), во трговски центар во Скопје остварена е средба меѓу пријавениот и оштетената во која Љ.С. го примил побараниот поткуп од 5.000 евра, по што бил лишен од слобода.

По ова лишени од слобода се и З.К. и Љ.К., информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара притвор за уапсениот инспектор на УЈП за поткуп

Вработен во УЈП уапсен за поткуп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина академик Георги Старделов

Редакција

(Фото) „Тепачка“ за автограм од Красимир Каракачанов во Битола

Редакција

Кој е Фатмир Бетиќи, новиот вицепремиер за економски прашања

Редакција