еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Сите детали: Убиено едно лице во угостителски објект во Тетово

Едно лице е застрелано ноќеска пред полноќ во угостителски објект во Тетово лоциран на ул. „29 Ноември“. Од основното јавно обвинителство информираат дека убиството се случило околу 23.50 часот откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол.

Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. При тоа му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место.

По стореното кривично дело групата се дала во бегство, за подоцна двајца да бидат лишени од слобода од страна на полицијата, а другите двајца, меѓу кои и сторителот, сами се пријавиле во полициска станица.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи до раните утрински часови вршеле увид на  во објектот на ул. 29 Ноември во Тетово.

Обвинителот издал наредби за прибирање траги од лице место и нивно вештачење, како и за вештачење на чаурата најдена на местото на настанот. Издадена е и наредба за вршење обдукција над починатото лице.

Извршено е фотографирање и скицирање, како и други дејствија во насока на расчистување на кривично правниот настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лесно се посегнува по оружје: Ладнокрвните убиства стануваат секојдневие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанец со нарушено психичко здравје со секира сакал да му пресуди на татко му

Редакција

Што порачаа МПЦ и ИВЗ за референдумот за името

Редакција

Граѓаните на есен ќе треба да приложат сертификат дека примиле вакцина, доколку сакаат да присуствуваат на масовен настан

Редакција