еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Сите детали за наградната игра Мој ДДВ#Моја награда

„Секоја фискална сметка е важна“ е слоганот на наградната игра Мој ДДВ #Моја награда што стартува на 15-ти овој месец и ќе трае една година до 14 декември 2019 година. Наградниот фонд е половина милион евра, а ќе се доделат 3.852 парични награди на дневна, месечна и две главни награди. Првото извлекување за месечните награди е на 4 јануари, а извлекувањето на главните награди ќе се одржи на 18 март 2020 година и на 19 декември 2020 година.

Ова го соопштија денеска министерката за финансии Нина Ангеловска и директор за комуникации и маркетинг во Државна лотарија, Камелија Левенска.

-За два дена почнува Мој ДДВ#Моја награда. Граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе имаат трикратна корист. Ќе имаат шанса да добијат една од 3.852-те награди во вкупен фонд од половина милион евра. Ќе добиваат поврат на ДДВ и ќе придонесуваат во борбата против сивата економија која во нашата држава изнесува една третина, рече министерката за финансии.

Верува дека ќе даде резултати, како што покажува искуството во другите земји, особено земјите во развој кои организирале вакви наградни игри и кои придонеле да се намали сивата економија и дека и кај нас зааедно со граѓаните ќе се придонесе на намалување на сивата економија.

На дневна основа ќе се доделуваат четири награди по 1.000 денари, три награди по 2.000 денари и три награди по 3.000 денари. Наградите ќе се влечат електронски, известувањето ќе го добијат веднаш по скенирање на сметката, а граѓаните средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.

На месечно ниво предвидено е доделување на 15 награди по 100.000 денари. Ќе учествуваат фискални сметки во периодот на еден месец од едно до друго извлекување. Нема да учествуваат фискални сметки што веќе биле добитни на дневна награда. Дату

мите на извлекување се веќе објавени, а првото ќе стартува на 4 јануари, веднаш по лото извлекувањето што се емитува на Канал 5 телевизија.

Доделувањето на главните награди од по 3.000.000 денари ќе се одвива во посебни емисии на 18 март и 19 декември 2020 година.

Во наградната игра учествуваат и фискални сметки на кои е изразено дека нема ДДВ и затоа, како што рече Левенска, и мотото е дека секоја фискална сметка е важна.

Го оцени проектот како обемен, но од кој бенефит ќе имаат граѓаните.

Истакна дека во Државната лотарија ќе треба да дојдат и добитниците од оваа наградна игра на месечните награди и двете главни награди заради идентификација.

За учество во наградната игра најпрво граѓаните треба да е регистриран на системот е-Персонален данок, да е корисник на апликацијата МојДДВ, каде се појавува известување за наградната игра при што треба да се прифатат условите за учество.

Од почетокот на месецов во тек е исплатата на повратот на граѓаните за скенираните фискални сметки. Досега е направен поврат на 100.000 граѓани, а како што рече министерката, во трезорот постојано пристигнуваат налози за обработка и сите граѓаните ќе го добијат повратот на ДДВ.

Фото: УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прво консултација со бизнис-секторот, па зголемување на прагот за минимална плата

Редакција

Државен студентски дом: Истражувањето на МОФ се однесува на податоци од 2015 година

Редакција

Семејните трошоци повисoки од просечната плата

Редакција