еМагазин
Image default
Бизнис

Сите детали за новите мерки: Државата ќе дава бескаматни кредити, поевтина нафта, пари за нови винарии и фарми…

Владата денеска го усвои третиот сет економски мерки во насока на опоравување на домашната економија од кризата предизвикана од корона вирусот.

Мерките за стопанството опфаќаат нови бескаматни кредити преку Развојната банка.

„Бескаматни кредити за фирми преку Развојната Банка на Северна Македонија, во вредност од 31 милион евра – поддршка за жените, младите и дигитализацијата во бизнисот. Оваа бескаматна кредитна линија во вредност од 31 милион евра ќе биде достапна за сите микро и мали компании, а истата ќе понуди и 30 отсто грант (неповратни средства) за оние компании кои се водени или основани од жени или вработуваат млади лица, се извозно ориентирани или воведуваат иновација и дигитализација во нивното работење, истакна премиерот Оливер Спасовски.

Ќе се дава и државната гаранција за комерцијални кредити за поддршка на Старт ап и мали и микро компании. Државата става на располагање финансиски средства од 125 милиони евра на извозно ориентираните компании, за поддршка и преземање на дел од ризикот за комерцијалниот кредит.

„Со гаранцијата за обезбедување на царинскиот долг, го поддржуваме извозот и го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка на РСМ.

Ќе има нови 25 милиони евра за приватниот сектор – за нови пазари, конкурентност и модернизација. Согласно Законот за финансиска поддршка, со 25 милиони евра преку програмата за зајакнување на конкурентноста на индустријата им помагаме на компаниите за освојување на нови пазари, зголемување на нивната конкурентност, како и модернизација на процесите“, соопшти Спасовски.

Се предвидува и дигитална платформа за нови пазари за текстилните компании.

„Со финансиска поддршка од еден милион евра ќе им помогнеме на овие индустрии да креираат платформа на која ќе може да ги пласираат своите производи на нови пазари“, соопшти Спасовски.

Тој најави и кофинансирање на настани и конференции со 50 отсто финансиска поддршка од државата најмногу до 30.000 денари.

„Со финансиска помош од 245 илјади евра ќе им помогнеме на компаниите преку субвенционирање на 50 отсто од трошоците за организација на настани, обуки и конференции, до максимален износ од 30.000 денари“, рече Спасовски.

Тој најави и поддршка на аграрниот сектор од пет милиони евра преку Развојната банка, со кои ќе се поддржат микро, малите и средни претпријатија кои вршат примарно производство, преработувачите и извозот на примарни и преработени земјоделски производи.

„Платежна картичка за субвенционирање на 50 отсто од зелената нафта за земјоделците. По ланското субвенционирање од 30 отсто, со оваа мерка го зголемуваме субвенционирањето на потрошувачката на зелена нафта на 50 отсто. Оваа мерка ќе опфати 50.000 земјоделци, а вредноста е 4.6 милиони евра“, рече тој.

Ќе се стимулираат и преработувачите на грозје за производство на нови продукти, а преку оваа мерка, како што истакна, ги стимулираме преработувачите на грозје и винариите да произведуваат алкохолен дестилат кој ќе се користи од страна на домашните хемиски компании за производство на средства за дезинфекција. Во следните три години, нашата финансиска поддршка ќе изнесува 3,5 милиони евра.

„Овозможуваме јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор. Преку модернизирање и ставање во функција на капацитети во производство на преработки од тутун и грозје со цел понатамошно уште посилно развивање на лозарството и тутунскиот сектор, како земјоделски гранки кои се повеќе и повеќе извезуваат.

Оваа стратешка определба ќе донесе голем бенефит, првенствено за македонските лозари и тутунари, но и за самата држава и бруто домашниот производ. На краток рок, очекувањата за инвестициите треба да достигнат 10 милиони евра“, објави Спасовски.

Окрупнување на земјоделско земјиште за поголема конкурентност на македонското земјоделство, со што ќе се стави во функција на целокупното земјоделско земјиште како и охрабрување на домашното земјоделско производство, но и нови инвестиции во овој сектор.

„Од оваа мерка очекуваме приходи од 250 милиони евра во следните три години и зголема конкурентност на македонското земјоделство“, истакна тој.

Преку мерката долгорочен закуп на пасишта, како што појасни, овозможуваме издавање на пасиштата на долгорочен закуп со што сточарите ќе имаат на располагање околу 500.000 хектари пасишта за напасување на добитокот.

„Со три милиони евра ќе овозможиме финасирање на старт ап семејни винарии и фарми на кои ќе им бидат достапни грантови до 10.000 евра за опрема за преработка но и за маркетинг на растителни, млечни и месни производи. А со модернизација на земјоделството преку кредит на Светска банка од 50 милиони евра ќе овозможиме модернизација на македонскоот земјоделството со цел зголемување на конкуретноста и профитабилноста“, рече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе подели ваучери од 6.000 денари на 100.000 граѓани за одмор во Македонија

Влада: Платежни картички од 9.000 денари за 100.000 граѓани за купување домашни производи

Со „викенд без ДДВ“ ќе се поттикнува продажба на облека, бела техника, мебел…

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови мостри ориз доставени на ГМО-анализа

Редакција

„Пари“ открива колку заработиле лабораториите Авицена, Биотек и Синлаб

Редакција

Рудници Бањани лани со добивка

Редакција