еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали за предметот „Таргет – Тврдина“, поради кој Мијалков заврши во притвор

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразознавање (УБК), Сашо Мијалков по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) доби 30 дена притвор за предметот на СЈО, „Тврдина – Таргет“.

Истрагата за предметот со кодно име „Тврдина“ беше отворена на 29.03.2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17.11.2016 година.

Поради нивната поврзаност, при подготовка на обвинението предметите се споени во еден единствен предмет. Обвинението е подигнато на ден 30.06.2017 година, при што четири лица се опфатени со обвинителен акт за кривичните дела Злосторничко здружување“ од член 394 од Кривичниот законик на Република Македонија, „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија, и „Фалсификување службена исправа“ од член 361 од Кривичниот законик на Република Македонија, додека пак осум лица се обвинети со обвинителен предлог за кривичните дела „Злосторничко здружување“ од член 394 од Кривичниот законик на Република Македонија, кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија, „Фалсификување службена исправа“ од член 361 од Кривичниот законик на Република Македонија и „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Мијалков, според СЈО е обвинет за кривичното дело „Злосторничко здружување“ од член 394 став 1 од КЗ, кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 2 в.в. став 1 в.в. член 45 од КЗ и кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 2 в.в. став 1 од КЗ.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Во „Таргет – Тврдина“, освен Мијалков, обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР,  Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои исто така се во бегство, но во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која доби затворска казна од шест години за истиот предмет за кој доби затворска казна и Груевски, „Тенк“ на СЈО, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Мијалков и Грујовски, Јанкулоска и Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

Мијалков освен во предметот „Таргет – Тврдина“, обвинет е и во случаите на СЈО, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“.

Повеќе детали за овој предмет, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сашо Мијалков во менгеме: ВМРО-ДПМНЕ го избрка, СДСМ го притвори

Твитер „полуде“ за притворот на Мијалков: „Со лисици сум бе, какви мисици“

„Кобни„ Фејсбук статуси: Груевски го „зафркна“ и Мијалков

„Беше најмоќен човек во Македонија, а сега му се заканува затвор“: Веста за притворањето на Мијалков одекна во регионалните медиуми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прифатена оставката на Заев, на 12. декември СДСМ ќе бира нов лидер

Редакција

Девизните резерви во јуни зголемени за 15 милиони евра

Редакција

Детали од МВР за девојчето кое се удави во Вардар бегајќи од куче-скитник

Редакција