еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали: За што е осомничена Катица Јанева и со какви докази докази располага Обвинителството

По денешното приведување на специјалната обвинителка во заминување, Катица Јанева од Јавното обвинителство за случајот „Рекет“, излегоа со детали:

„Јавното обвинителство уште од донесувањето на Наредбата за спроведување на истражната постапка против две лица за кривични дела – Примање награда за противзаконито влијание и Перење пари и други приноси од казниво дело, имаше основи на сомневање дека и лицето врз кое се влијаело, јавниот обвинител, презел кривично-правни дејствија.

Со досега обезбедените вербални и материјални докази во истрагата Јавното обвинителство утврди дека основите на сомневање се издигнаа на степен на основано сомневање дека јавниот обвинител сторил кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Со оглед на тоа, ве известуваме дека јавниот обвинител кој ја води постапката донесе Наредба за проширување на истрагата и против јавниот обвинител, кој е приведен и обвинителството од надлежниот суд ќе предложи определување на мерка притвор.

Од обезбедените докази се утврди дека јавниот обвинител ја искористил својата службена положба и овластување кои ги има по Законот за Специјалното јавно обвинителство и одредбите од Законот за кривичната постапка и за себе и за други лица прибавил имотна корист во значителен износ.

Од месец ноември 2018 година до април 2019 година еден од осомничените во оваа истрага  со искористување на своето претпоставено влијание врз јавниот обвинител, преку претходно воспоставени пријателски односи, влијаел да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

Откако осомничениот јавен обвинител донел Наредба за спроведување на истражна постапка против повеќе лица во предметот со работен наслов „Империја“, влијаел на едно од лицата против кои се водела истрагата, да му се олесни неговата положба во таа постапка со укинување на мерката притвор и да му се определи поблага мерка – куќен притвор, да му се даде својство на заштитен сведок и со наредба да се запре истражната постапка или да се склучи со него предлог-спогодба за вина за полесни кривични дела и да плати незначителен износ на штета и да му се укине мерката на претпазливост – привремено одземање на неговите патни исправи.

Јавниот обвинител го прифатил влијанието од осомничениот и при неизменети околности врз основа на кои бил определен притворот дал предлог притворот против осомничениот во предметот „Империја“ да се укине и да му се определи поблага мерка-куќен притвор по што на 27 декември 2018 година, Апелациониот суд Скопје донел Решение за определување на мерка куќен притвор.

Со повеќе преземени дејствија двајцата осомничени за да го убедат осомничениот од предметот „Империја“ во влијанието кое едно од лицата против кои се води истрагата го има врз јавниот обвинител, во повеќето средби телефонски преку спикерфон разговарале со јавниот обвинител и по разговорите и средбите, откако осомничениот во случајот „Империја“ и неговата сопруга биле уверени во влијанието,  двете лица против кои се води истрагата, од овој осомничен барале 8 милиони евра за олеснување на неговата положба и на  20 февруари 2019 година двајцата дошле во домот на осомничениот во предметот „Империја“ и од него зеле торба марка „Луј Витон“ со 1 милион евра, а претходно, додека осомничениот бил во притвор, од неговата сопруга зеле 500.000 евра.

Потоа, во периодот март-април 2019 година, по предлог на јавниот обвинител, судот привремено одземените патни исправи му ги вратил на осомничениот од предметот „Империја“.

Јавниот обвинител со тоа што при неизменети околности по кои бил определен и продолжен притворот и непосредно потоа дал предлог тој да се укине и да се замени со поблага мерка-куќен притвор, а потоа дал и предлог привремено одземените патни исправи да му се вратат на осомничениот, а понатаму да ја олесни неговата положба во таа истражна постапка со тоа што тој ќе добие својство на заштитен сведок и ќе ја запре постапката или да склучи со него предлог-спогодба за вина за полесни кривични дела и да плати незначителен износ на штета, ја искористил својата службена положба и овластувања, кои ги има согласно законите и за себе и за двајцата осомничени, против кои се води истрагата, прибавил имотна корист во значителен износ, и тоа за себе предмети – мебел во износ од 298.000 денари, кои за јавниот обвинител ги набавил еден од осомничените, а за двајцата осомничени прибавил имотна корист од 1.500.000 евра.

Јавното обвинителство интензивно и континуирано работи на разјаснување на конкретното дело и собирање докази и податоци неопходни за донесување јавнообвинителска одлука.

Јавноста може да биде убедена дека Обвинителството посветено го испитува целиот кривично-правен случај и дека за секој за кого ќе утврди дека презел кривично-правни дејствија ќе ја прошири истрагата, а исто така обвинителството неселективно ги истражува и обезбедува доказите и за другите лица и дела поврзани со овој кривично-правен настан.

Ова јавно обвинителство и со денешното проширување на истрагата потврдува дека постапува неселективно, работи исклучиво врз основа на законот и обезбедување на владеење на правото.

Досега обезбедените докази потврдуваат дека се работи исклучиво за кривично-правен настан и затоа случајот не треба да се политизира или пак да се поврзува со учество и на лица од други држави.

Нагласуваме дека нема ниту една индиција дека незаконски прибавените средства завршиле кај домашни или странски политичари. Само информациите добиени официјално од Јавното обвинителство за овој случај се целосни и веродостојни“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео од приведувањето на Катица Јанева

Јанева се стекнала со имотна корист од 298.000 денари

Има несоборливи докази, Обвинителството бара притвор за Јанева

(Фото) Јанева донесена во СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата конечно го објави „францускиот предлог“ и на македонски јазик

Редакција

Здравствените установи ќе работат без прекин за време на министерскиот Самит на ОБСЕ

Редакција

На судењето за „Триста“ се изведуваа материјални докази

Редакција