еМагазин
Image default
Македонија

Сите детали за ваучери за младите, студентите и средношколците

Владата во рамки на третиот пакет економски мерки за директна поддршка на граѓаните и стопанстовто во периодот на вонредна состојба предвиде доделување на три типа парична поддршка односно ваучери за средношколци, студенти и за млади до 29 години за да се обезбеди нивната куповна моќ како придонес кон студентскот и ученичкиот стандард и со фокус на развојот на дигиталните и ИТ вештини.

Според проценките, информира на денешната прес-конференција министерот за образование и наука, Арбер Адеми, помошта е во вредност од 12 милиони евра, а ќе ја добијат околу 100 илјади корисници и тоа јуни или најдоцна во јули.

Првиот тип на ваучер со еднократен максимален износ до 6.000 денари и ќе се доделува на студенти и средношколци од семејства со ниски примања, а средствата ќе се користат исклучиво за покривање партиципација за студирање на универзитетите и за сместување во ученички домови, студентски домови и во регистрирани приватни сместувачки капацитети.

Вториот тип поддршка е домашна платежна картичка со расположлив износ од три илјади денари која ќе биде наменета за студентите и ќе се користи исклчиво за купување на домашни производи и услуги во одредени услужни дејности кои се најпогодени од кризата.

И третиот тип на ваучер до максимален износ до 30.000 денари е наменет за млади до 29 години за кофинансирање на обуки тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини.

– МОН како институција задолжена за координација и имплементација на мерката заедно со кабинетот на Влаата, Агенцијата за млади и спорт и ГС, веднаш пристапуваат кон разработка и дефинирање на конкретен оперативен план со цел успешно спроведување на тоа што е усвоено како заклучок, младите да ја добијат оваа парична поддршка во јуни односно најдоцна до крајот на месец јули, рече министерот Адеми.

Најави дека во следните денови јавноста навремено ќе биде запознаена од аспект на тоа како и на кој начин ќе се аплицира за добивање на овие ваучери.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако има зголемен број заразени со Ковид-19 повторно рестриктивни мерки

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 780 пациенти заболени суспектни на Ковид-19

Редакција

Владата најави помош и за Сирија, се утврдува што е потребно

Редакција