еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите детали за законските измени: Кој ќе „куртули“ од регистрација за ДДВ?

Собранието на сеницата закажана за 11 декември, годинава ќе ги разгледува измените на Законот за ДДВ што ги предлага Владата.

Со законските измени се овозможува слободување од плаќање на данок на додадена вредност добрата кои се увезуваат од страна на воените сили на други држави кои се членки на  Oрганизацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).

Исто така се пропишува можност даночните обврзници кои се регистрирани за цели на данокот на додадена вредност да имаат право на одбивка на претходен данок со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена согласно со Закон за регистрирање на готовински плаќања.

Воедно, се врши зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари.

Дополнително, се врши и усогласување на постојните казнени, односно прекршочни одредби со Законот за прекршоци.

Бидејќи во јавноста постои голем интерес околу законските измени во целост Ви го пренесуваме образложението на предлог-законот:

Со членот 1 од Предлогот на Законот, се врши ослободување од плаќање на данок на додадена вредност добрата кои се увезуваат од страна на воените сили на други држави кои се членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), се предлага пропишување на даночно ослободување при увоз за потребите на тие сили или за придружниот цивилен персонал, како и за снабдување на нивните мензи или кантити, ако тие сили учествуваат во заеднички одбрамбени активности.

Со членот 2 од Предлогот на Законот, се дава можност даночните обврзници регистрирани за цели на данокот на додадена вредност, правото на одбивка на претходен данок да го остваруваат и со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена согласно со Закон за регистрирање на готовински плаќања.

Со членот 3 од Предлогот на Законот, се врши зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари и се пропишува скратување на периодот на останување во системот на данокот на додадена вредност од 5 на 3 години.

Со членовите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 од Предлогот на Законот, се врши усогласување на постојните казнени, односно прекршочни одредби со Законот за прекршоци.

Со членот 12 од Предлог на Законот се пропишува преодна одредба со која се дава можност за даночните обврзници кои биле регистрирани за цели на ДДВ а кои во 2019 година не го надминале прагот од 2.000.000 денари да имаат право да побараат отповикување од регистрација за цели на данокот на додадена вредност.

Исто така се дава можност и за даночните обврзници кои не биле регистрирани за цели на данокот на додадена вредност и кои во 2019 година го надминале прагот од 1.000.000 денари меѓутоа не го надминале прагот од 2.000.000 денари, да немаат обврска за регистрација за цели на ДДВ.

Со членовите 13, 14 и 15 од Предлог на Законот се пропишуваат завршни одредби за примена и за влегување во сила на законот.

Целиот текст на предлог-законот ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доларот најсилен во изминатите 20 години, цената на еврото и нафтата во пад

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.119 болни од Ковид-19

Редакција

Машинскиот персонал во бојкот, железничкиот сообраќај во прекин

Редакција