еМагазин
Image default
Македонија

Сите што се сликале со Боки 13, Обвинителството да ги повика на распит за „Рекет“, предлага Кирацовски

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, предлага сите што се сликале со осомничените од случајот „Рекет“ да бидат повикани на распит во Јавното обвинителство, кое го води случајот.

„Очигледно, истрагата околу случајот „Рекет“ се одвива длабински, сеопфатно и транспарентно.

Овој процес ќе ја потврди вистината и ќе ја сузбие лагата и шпекулациите. Криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата, одговарајќи за стореното.

Но, кон овој случај, неопходно е Обвинителството да пристапи и низ општественото огледало кое претежно го креираат политичките напади и инсинуации, лажните вести и конструкциите.

Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети.

Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој (политичар), кој има макар и една слика со било кој од осомничените, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста.

Можеби е илузорно и непотребно, но ќе го намали просторот за инсинуации и неосновани сомнежи.

Тоа доаѓа како „стружење на кариес од заб“, бегла црна точка која доколку не се санира навреме, прави штета по време.

Во секој случај, овој скандал е доказ дека правната држава функционира и е шанса преку истиот да се врати довербата во институциите и правосудниот систем“, пишува тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фросина Ременски утре треба да даде исказ за „Рекет“

Героски до Кирацовски: Си пишувам глупости, оти немам попаметна работа

Кирацовски: Не знам кој е Кики, вие мислите дали станува збор за мене?

Фото: Фејсбук/Кирацовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

57% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

Откако опозицијата остана без кворум, Хоџа од Беса обвинува за закани и уцени

Редакција

Време е за рестартирање во регионот и нова синергија од САД и ЕУ, порача Пендаровски на „Преспа форумот за дијалог“

Редакција