еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

„Сите сити“ обезбеди над 400.000 оброци за социјално загрозени граѓани

Нашата држава е во високите 10 места во светот по фрлање храна, во услови кога околу 460.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и не можат да си обезбедат по три оброци дневно. Процените се дека вкупните вишоци храна кај нас надминуваат 100.000 тони годишно.

Токму овие загрижувачки податоци беа причина во 2018 година организацијата да започне да го развива системот „Сите сити“, преку која се спасува добрата храна, па наместо да се фрла, се пренасочува кон оние на кои им е најпотребна.

До денес, преку оваа мрежа се донирани над 100 тони храна, односно над 400.486 порции. Големи количини на квалитетна храна со возило се превзема од различни бизниси, и се носи во центри за бездомници, народни кујни, и слично.

Ова го правиме во соработка со повеќе од 20 големи компании од индустријата за храна, од кои најголеми се „Виталиа“, „Жито леб“, „Витаминка“, „Кола“, а над 30 партнерски граѓански организации ја доставуваат храната до крајните корисници. Како одличен пример ќе го спомнеме „Жито леб“, од каде редовно од понеделник до петок храната се дистрибуира до народната кујна во Ѓорче Петров, каде што се подготвуваат околу 200 оброци.

Дополнително, во рамки на проектот „Оброк за сите“, поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за труд и социјална политика, се доставува храна за бездомниците во Момин поток коешто се прави секоја среда изминатиот период, дополнето со поголеми количини кои опслужуваат и други кујни.

Во рамки на проектот се пилотира и модел за дистрибуција на прехранбени пакети до социјално загрозените граѓани во Скопје, Куманово и Прилеп. А волонтерите на Црвен крст, двапати во неделата дистрибуираат топол оброк за 10 стари лица до нивните домови.

Со ова иновативно решение за обебедување и подготвување на оброци за лица во социјален ризик се прибираат информации кои ќе помогнат за потенцијално подобрување на дел од постоечките програми за поддршка на социјално загрозените граѓани со храна.

Иновативниот модел чија вкупна вредност изнесува околу 2 милони денари и е финасиран од Фондот за иновации и технолошки развој и планот е понатаму да почне да се применува низ целата држава.

Целта на „Сите сити“ е значително да го намали бројот на гладни граѓани, кои не може да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, како и да станеме земја во која добрата храна не се фрла.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата донесе одлука: Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари

Редакција

Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари

Редакција

Моделот за помош на туристичко-угостителскиот сектор го засноваме „на тоа што сите сме посеале“, вели Битиќи

Редакција