еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите сме донори на органи доколку не се изјасниме спротивно на нотар, но семејството го има последниот збор

Националниот координатор за трансплатација Маја Мојсова, по повод првата трансплантација на срце во државата, порача дека ова немало да биде успешно без семејството што го донираше органот.

„Ова немаше да биде успешно доколку не постоеше семејството што со голема емоција ги даруваше органите.

Сметам дека ова може само да ни даде уште поголема вера и надеж, дека семејствата што ќе се соочат со загуба на близок, ќе се одлучат за донирање на органите и сепак голем број пациенти ќе имаат шанса да продолжат со лекување со нов орган.

Сакам да изразам сочувство до семејството и да кажам дека срцето на нивната драга, чука и во суштина се уште живее,“ изјави Мојсова.

Таа додаде дека нашиот закон е јасен и сите сме донори доколку не се изјасниме во текот на животот дека не сме и тоа на писмено кај нотар.

„Но, во суштина сепак семејството го дава последниот збор и затоа многу во суштина треба да вложиме и во едукација, не само на медицинскиот кадар, туку и на граѓанството и општеството што значи органодарителство после смртта.

Не значи дека секој од нас ќе биде дарител, но доколку нешто ни се случи и притоа завршиме како мозочна смрт добро е граѓаните да знаат за што се работи,“ изјави Мојсова.

Таа нагласи дека нема подобра кампања од ова, кога лично и семејствата на тие што примаат и на тие што донираат би ја раскажале својата приказна.

„Верувајте многу е тешко кога сте тажни да донесете рационална одлука и да бидете во тој момент хумани, човекољубието да биде над вашите внатрешни и најдлабоки емоции. Затоа сметам дека семејствата се најголемите херои,“ истакна Мојсова.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче упати апел да се зголеми свесноста за донирање на органи

(Фото) Емилија Динева е жената која почина во сообраќајка, а семејството ги донираше нејзиното срце и бубрези

Првата трансплантација на срце во Македонија успешна, огромен успех за македонското здравство

Филипче: Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е незамисливо тешко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Владата утре на седница ќе дискутира за предлогот за евентуална рестрикција на движењето

Редакција

Вакцината на Фајзер/Бионтек обезбедува 100% заштита кај деца од 12 до 15 години

Редакција

Лингвистот и синолог Радев за спорот со Бугарија: Изгубивме осет за реалност претворајќи ја ЕУ во божество

Редакција