еМагазин
Image default
Локално

Скопјанец бегал од полицијата со камионче во кое превезувал 48 мигранти

На 18.07.2019 во 13.30 часот кај базата на „Македонија пат“-Гевгелија, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Мерцедес Атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.В.(26) од Скопје, информира МВР.

Возилото не застанало и во близина на село Грчиште, Ж.В. го запрел возилото и почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода.

При прегледот во возилото биле пронајдени 48 лица-мигранти, од кои 38 лица од Пакистан и 10 од Бангладеш. Ж.В. бил предаден во Полициската станица Гевгелија и по целосно докуменирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: machinery park

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хорор во Скопје: И влегол дома за да ја силува

Редакција

Гостин нападнал келнер во кафана во Скопје

Редакција

(Фото) Украдени 200 литри дизел од булдожерот кој ги чистел патиштата во Маврово

Редакција