еМагазин
Image default
Локално

Скопјанец и зарил нож на сопругата и шест часа гледал како крвари

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Б.А.(54) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид во вршење семејно насилство”, казниво по член 123 став 2, а во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија, информира МВР.

На 02.09.2018 година околу 20.00 часот во семејниот дом, по кратка вербална расправија со неговата сопруга П.В.(52), пријавениот со нож и нанел убодна рана во пределот на стомакот.

Бидејќи П.В. многу крварела, околу 02.30 часот на 03.09.2018 година, пријавениот побарал помош од нивниот зет за ќерка и со неговото возило ја однеле П.В. во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што била задржана за понатамошно лекување. Полициски службеници извршиле разговор со оштетената, по што Б.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Руски рулет“ на улиците на Скопје: За еден ден фатени 36 лица без возачка дозвола

Редакција

Рудник САСА: Грижата и безбедноста на рударите на прво место

Редакција

Хорор во тетовско Селце: 45-годишник ја убил сопствената мајка со секира

Редакција