еМагазин
Image default
Локално

Скопјанец со метална прачка го удрил соседот по глава

На 07.10.2018 година околу 12,30 часот во Скопје на улица „Брсјачка буна“ додека Ф.А.(22) од Скопје се движел пеш, бил пресретнат од Ј.Б.(20), Е.Ј.(23) и А.А., при што Ј.Б. физички го нападнал Ф.А., удирајќи го со метална шипка во пределот на задната страна на главата, информира МВР.

Причина за нападот биле нарушени меѓусоседски односи. Ф.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Б.Ј. е приведен во Полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Санкционирани 301 возачи во Скопје – 69 за брзо возење, а 14 поминале на црвено

Редакција

Жена пронајдена мртва во стан во Скопје

Редакција

Кривична за сопственик на угостителски објект во Дебар, работел после 18 часот

Редакција