еМагазин
Image default
Локално

Скопјанец со нож ја расекол сопругата при семејна расправија

На 03.09.2018 година во 04,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена П.В.(52) од Скопје со убодна рана во пределот на стомакот, информира МВР.

Од страна на полициски службеници биле преземени соодветни мерки и активности и утврдено било дека на 02.09.2018 година околу 20,00 часот на улицата „Виничка“ при семејна расправија со нејзиниот сопруг Б.А.(64), тој со нож и нанел повреди.

Потоа Б.А. со приватно возило ја однел П.В. во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде веднаш бил извршен оперативен зафат. Осомничениот е приведен и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејството на дедото кој го уби поранешниот зет повикува на протест за да се брани од слобода

Редакција

Силувана 19-годишна девојка од Гостивар којашто татко и ја омажил против нејзина волја

Редакција

Санкционирани 448 возачи во Скопје, од кои 52 за пречекорена брзина

Редакција