еМагазин
Image default
Локално

Скопјани ги очекува пеколен метеж: Во наредните 40 дена градежни работи на мостот „Гоце Делчев“

Градежни работи кај мостот „Гоце Делчев“ ќе се одвиваат во наредните 40 дена. Станува збор за дилатација што не е извршена повеќе од 13 години и таму ќе имаме посебен сообраќаен режим, најави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

„Ќе треба да издржиме тие 40 дена, да имаме сообраќаен метеж или ќе падне мостот „Гоце Делчев“. Лето е, луѓето не се толку присутни и вистинско време е да ја извршиме таа дилатација на мостот“, рече Шилегов.

Деновиве се работи и на булеварот Партизански одредеи, така што граѓаните на Скопје, а посебно воазчите ќе треба да покажат разбирање и да го издржат застојот во сообраќајот.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден пешак по удар од „опел астра“ во Скопје

Редакција

Гореше „ауди“ на улица „Јуриј Гагарин“ во Скопје

Редакција

(Видео) МВР истражува кој стои зад снимката на ТИК ТОК на која се палат јавни површини

Редакција