еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Скопјани и Тетовчани мазохисти, уживаат да се гушат во загадениот воздух

Пред некој ден читав дека илјадници граѓани во Австралија, во најголем број млади, протестирале оти нивната влада не прави доволно за да се справи со климатските промени.

Си викам, ние за климатските промени можеби ќе протестираме во 2050 година или подоцна, кога температурите веќе драстично ќе се зголемат, кога веќе земјоделските приноси ќе бидат намалени, кога ќе се шират разни болести, кога ќе имаме за неколку пати повеќе поплави…

За сите овие промени што ја чекаат Македонија како резултат на климатските промени нашата власт знае уште пред неколку децении, но не гледам дека нешто посебно се работи за да истите се ублажат.

Ништо посебно власта не прави ни за загадувањето, но вели дека има план. Дали планот ќе биде успешен допрва ќе видиме, ќе го „вежба“ на нас.

Што е уште пострашно, ништо посебно околу загадувањето не прават ни граѓаните. Пријателка ми вели не отворам прозор, додека не проверам на апликација колкаво е количеството на ПМ10 честичките во воздухот. Друга па ми вели што да правиме си купивме прочистувач на воздухот, трета им купила маски на сите по дома, четврта ни пет метри не оди никаде без кола…

Наместо како Австралијанците масовно да излезат на протести, не за друго, за живот и здравје се работи, Скопјани, но и Тетовчани и Битолчани, „битката„ ја водат на Фејсбук. Таму ем се експерти, ема се многу јаки.

Кога па некој друг ќе организира протест не одат. Иако Скопје на пр. има најмалку 800 илјади жители (според податоци на МАТСТАТ на Град Скопје од 2015 година, без студенти, вработени и сл. од други градови и населени места), а Тетово најмалку 86 илјади (според последниот попис од 2002 година), на протести излегуваат едвај илјада, па и помалку.

Кога на овие протести би излегле повеќе луѓе од тие кои што ги организираат партиите, е тогаш друга музика ќе свири власта.

Кога улиците во Скопје, Битола, Тетово… секојдневно би се преплавиле со илјадници граѓани преку ноќ ќе се најдат пари за итна интервенција и мерки. Чуда ќе се случуваат. Одма ќе ни кажат и кој и колку загадува, а нема да не замајуваат како до сега.

Ама на овие протести не даваат сендвичи и не носат вработување во администрација. Многу е тешко да се излезе на улица. Најубаво и најлесно е да се мрчи по дома и да се тешиме дека ништо не зависи од нас. Прави мазохисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претходно гласен, денес молчи: Богоев да одговори што презема како градоначалник за да го намали загадувањето во Општина Карпош

Молиме Бога да не се стемни и да дувне ветер: Воздухот во Карпош и вечерва смрди и пече

Владата тврди дека годинава бројот на загадени денови е помал од претходните години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Сузбиена криминална група од Грчец, инволвирана во убиства и трговија со дрога

Редакција

Поднесено Обвинение за лицето кое ја нападна новинарската екипа на ТВ 24

Редакција

Колкави плати лани во Македонски телеком имале Зоран Китанов, Садула Дураки, Нина Ангеловска…

Редакција