еМагазин
Image default
Локално

Скопјани предлагаат нови имиња на улиците: Често се спомнуваат Горан Стефановски, Есма, Ванчо Петрушевски…

Постои голем интерес кај граѓаните на главниот град за анкетата за прибирање предлози за нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти).

Анкетата ја објави Град Скопје на 29 јули годинава, а ќе биде отворена до 18 овој месец.

На веб-страницата на Град Скопје е објавен е онлајн прашалник преку кој на граѓаните им се овозможува да ги испраќаат своите предлози за топоними преку интернет, со одговарање на неколку прашања што одзема не повеќе од пет минути.

Оние граѓани што не користат интернет своите предлози со кратко образложение можат да ги испратат преку пошта на адреса: Град Скопје, Совет на Град Скопје, бул. „Илинден“ бр. 82, најдоцна до 18 август 2019 година.

Согласно со Законот за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, имињата на градските топоними „можат да бидат определени со географско, етнографско, историско и друго обележје, име на истакната личност од областа на историјата, науката и културата, други погодни имиња, како и име на значаен настан и датум, врз основа на листа на имиња“.

Предложените имиња од граѓаните ќе ги разгледува Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје која има за задача да ја состави листата на имиња во согласност со одредбите на овој Закон.

Листата се доставува во форма на предлог до Советот на Град Скопје, кој ја утврдува по претходно добиени мислења од општините и согласност од Владата.

„Граѓаните ќе имаат можност да предлагаат само имиња на топонимите, но не и локации кои би биле именувани со овие имиња. Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје ќе ги разгледа предлозите на граѓаните, но нема обврска сите предлози да ги вклучи во листата која ќе му биде предложена на Советот“, се наведува на веб-страницата на Град Скопје.

Во членот 6 од истоимениот Закон пропишано е дека не може да се определи име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект со кое се нарушува угледот на Република Северна Македонија, се навредуваат националните чувства на граѓаните на Република Северна Македонија и на граѓаните на други држави, како и се нарушуваат односите меѓу заедниците, обичаите и јавниот морал.

Во едно населено место две и повеќе улици не можат да имаат исто име. Името на топонимот не може да има повеќе од четири збора.

При составувањето на оваа листа Комисијата ќе води грижа за застапеноста на предлог имињата кои означуваат личности и настани од значење за историјата, културата и науката на граѓаните кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.

Граѓаните со кои разговаравме ни изјавија дека веќе го пополниле прашалникот. Нивните предлози, како што велат, најчесто се однесуваат на личности кои придонеле за афирмација на државата и главниот град, како Горан Стефановски, Есма, Тоше Проески, Ванчо Петрушевски..

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата барала список со споменици и улици од Хеленската историја и објекти со Сонцето од Вергина

Твитерџиите со свои предлози за нови имиња на улици, мостови, плоштади… во Скопје

„Све средивме у градов па сеа уште да смениме имиња на улици, плоштади и мостови… мостот Гоце Делчев на пример„: Твитер реакции

Ќе се менуваат имињата на улиците, булеварите, мостовите и плоштадите во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Има и полесно повредени граѓани: Полициски службеници извлекуваат заглавени возила во Скопје

Редакција

Кривична пријава за изнуда: Три месеци им барал пари со закани по мобилен телефон

Редакција

Ќе се воведува ред во паркирањето: ЈП ПОЦ ќе поставува блокатори на резидентни паркиралишта

Редакција