еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

Скопјани редовни посетители на стриптиз во ноќниот клуб „Огниште“ и ресторанот „Кале“ во 70-тите

Скопје во минатиот век имал многу подобар ноќен живот отколку денеска. Во 60-тите и почетокот на 70-тите година во Скопје неколку од познатите хотели, ресторани и кафеани почнале да работат до доцна во ноќта и во нив да се емитуваат специјални кабаретски програми со магионичари и стриптизети.

„Во втората половина на 60-тите, некаде 1966-67 година во ресторанот „Кале„ после 24 часот имаше таква програма. Јас иако тогаш се уште малолетен присаствував и ги гледав магионичарите, а потоа и стриптиз точката во која стриптизетата, првично облечена како Шехерезада играше меѓу гостите, а потоа се качи на бина и се соблече“, сведочи скопјанецот Илија Стефановски.

На почетокот на 70-тите во гранд хотелот „Скопје„ денешен Холидеј Ин се отвори ноќниот клуб „Огниште“.

Ова е слика од стриптиз програмата на тој клуб од крајот на 70-тите.

Фото: Фејсбук/Старо Скопје/Илија Стефановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

LEVI’S®и Џастин Тимберлејк ја објавуваат соработката за 2018 година

Редакција

Ако нема договор со Бугарија, ќе мора да размислуваме за раздвојување на Македонија и Албанија, порача еврокомесарот за проширување Вархеји

Редакција

Убава вест: 124 оздравени од Ковид-19

Редакција