еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Скопје добива уште еден урбан фестивал – Underfest

Underfest денес го распиша конкурсот за пријавување на млади и неетаблирани музичари, актери, поети, писатели од Македонија кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност на Underfest фестивалот во Скопје кој ќе се одржи на 5, 6 и 7 aприл 2019 во просториите на Public Room во Скопје.

Линк од фестивалот: www.facebook.com/events.

Авторите треба да ги испратат своите податоци на електронската адреса: [email protected] најдоцна до 31 декември 2018 година.

Избраните дела ќе бидат презентирани пред пошироката јавност и ќе се очекува нивен настап на фестивалот.

Се очекува да настапат преку 50 артисти од полето на музиката, театарот, литературата, културата и уметноста на три посебни сцени. Влезот за сите настани е бесплатен.

Целта на конкурсот е да им се даде шанса на младите автори да го презентираат својот креативен труд и своите дела пред публиката на фестивалот и на тој начин да се мотивираат да продолжат со својата работа.

Потребни податоци за конкурирање на музички бендови:

– Име на бендот

– фотографија од бендот

– музички правец

– по можност демо снимка од авторска песна

– по можност демо снимка од кавер песна за кавер бендови

Потребни податоци за конкурирање на театарски уметници:

-Име на театарската група

-Име на театрската претстава (времетраење на претставата, бројот на актери што настапуваат, режија…) тука треба податоци како за регуларна претстава

Потребни податоци за конкурирање на автори од областа на литература:

-Име и презиме на авторот

-Име на книжевното дело

-Жанр (Поезија, проза, роман….)

Потребни податоци за конкурирање на предавачи и изложувачи:

-Право на пријавување имаат сите истражувачи, научници кои имаат релевантно научно-истражувачко дело кое би го презентирале пред публиката присутна на фестивалот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

10 години dm: Останавме пример на одговорно и успешно работење со двоцифрен раст на прометот

Редакција

Македонскиот филм „Скаут“ селектиран на престижниот фестивал „Л.А. Шортс“ во САД

Редакција

Со масовно пошумување на 30.000 садници dm дрогерие маркт успешно ја заврши втората година од проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Редакција