еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Скопје ќе биде „преплавено„ со „грчки“ споменици: Следи имплементација на Договорот од Преспа

Деновиве во грчкиот Парламент се очекува да помине и ратификацијатата на Протоколот за прием на Македонија во НАТО, со што Договорот од Преспа и официјално ќе стапи на сила, па Република Македонија ќе треба да почне да го користи новото име име – Република Северна Македонија.

Освен што новото име треба да осамне на таблите на државните и јавните институции, гранични премини и сл., Договорот меѓудругото предвидува и решавање на статусот на спомениците кои „изникаа„ за време на владеењето на избеганиот поранешен македонски премиер Никола Груевски, од типот на на Александар Велики, неговиот татко Филип, неговата мајка…

„Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на оваа Спогодба, Втората страна (Македонија, н.з.) ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, што претставува составен дел од историското или културното наследство на Првата страна (Грција, н.з.), ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство“, стои во Договорот од Преспа.

Од Владата за сега нема официјални информации како ќе се реши оваа прашање.

Во периодот пред и по објавувањето на содржината на Договорот од Преспа, грчките, но и македонските медиуми пишуваа дека едно од можните решенија е споменците и статуите да добијат натписи со кои ќе се појасни дека тие се симболи на грчката култура.

На пример, на споменикот на Александар Велики или познат и како „Воинот на коњ“ да има натпис дека тој реферира на хеленистичкиот период и ќе биде означен како симбол на пријателството меѓу Македонија и Грција.

Грчките медиуми пишуваа и дека е можно дел од спомениците од овој историски период да му бидат дадени на Солун, кој со Договорот од Преспа, треба да го викаме Тесалоники.

Освен споменици од античкиот период на плоштадот Македонија во Скопје има споменици и од среден век, како што е на пр. споменикот на Цар Самоил.

Дали повикувајќи се на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и Бугарија ќе бара одредени интервенции во овој правец, останува да видиме.

Она што е познато е дека Цар Самоил е една од најспорните точки помеѓу комисиите од Македонија и Бугарија, кои веќе неколку месеци работат на усогласување на историјата помеѓу двете земји, што е предвидено со овој Договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе замине ли знамето од Вергина (Кутлеш) во историјата? Што предвидува Договорот од Преспа

Кои ќе бидат новите имиња на АРМ, МАНУ, ЕЛЕМ, МОБ…, кои треба да бидат во духот на Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Захариева: Софија нема да подлегне на притисокот од Скопје, нема договор за историјата

Редакција

Европарламент: ЕУ да ја поправи стратегиската грешка и да почне преговори со Скопје и Тирана

Редакција

Украден мртовец од струмичката болница

Редакција