еМагазин
Image default
Македонија

Скопје и Атина го информираа ООН дека стапија во сила Договорот од Преспа и името Република Северна Македонија

Скопје и Атина вчера доставија заедничкото писмо до генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш со кое го информираат за датумот на влегување во сила на Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

Од МНР за МИА велат дека за промената на името, во најкус можен рок ќе бидат информирани и Секретаријатот на ООН, земјите членки, државите набљудувачи на ООН, како и сите останати меѓународни организации.

По добиената вербaлна нота од Грција дека е завршена ратификацијата на Преспанскиот договор и на Протоколот за членство во НАТО, Владата во Скопје вчера соопшти дека официјално почнува примената на новото уставно име Република Северна Македонија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сами ќе си плаќаме за новите регистарски таблички со ознаката NMK?

МНР на Република Македонија ќе стане МНР на Република Северна Македонија за најмногу две недели

Банкноти со Република Серверна Македонија од следната година

На излез од земјата ќе се става печат со појаснување дека патните исправи се на Република Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тутма“ на Богородица: Голем број Македонци во Грција ќе го прослават Денот на независноста

Редакција

Нови 355 случаи на Ковид-19, оздравени 145, две починати лица

Редакција

За осум дена од почетокот на учебната година во изолација се 53 ученици и осум наставници

Редакција