еМагазин
Image default
Локално

Скопје под огнена опсада: Пожар во близина на фабрика за пиротехнички средства во Сопиште

Ставен е под контрола пожарот над скопската населба Пинтија, кој избувна денеска. Во пожарот беше зафатена мешана шума на поголема површина.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, локализиран е и пожарот кај скопското село Мојанце, над Арачиново, а нов пожар е пријавен кај Сопиште.

„Во моментов две екипи пожарникари се упатени кон Сопиште, каде граѓани телефонски пријавиле пожар. Пожарот е во близина на фабриката за пиротехнички средства“, изјавија од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожари му се закануваат на Скопје: Гори во близина на Пинтија и над Арачиново

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акција на МВР и Пазарната инспекција: Спречена свадба во Глумово со 300 гости

Редакција

Несекојдневен случај: Со „ауди“ влетал во парфимерија 

Редакција

Кривична пријава за тетовчанец: Лажно во име на друг комуницирал преку „Фејсбук“

Редакција