еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На првата Парада на гордоста во Скопје ќе пее Тамара, ќе се обрати министерката Царовска, а се очекуваат и други министри и пратеници

Откако објавивме дека ќе го одржиме првиот „Скопје Прајд“, евидентни беа обидите со омраза да се засени пораката за еднаквост и да се потцени можноста за зголемување на свесноста за хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, порача Кочо Андоновски на денешната прес конференција на Организациониот одбор на првата Парада на гордоста во Скопје.

“Но и покрај тоа, добивме голема поддршка и многумина нè контактираат да ни кажат дека ќе дојдат со нас на 29-ти јуни, да го изодиме маршот – во спомен на сите борци за човековите права на ЛГБТИ заедницата во минатото, со поддршка на сите маргинализирани групи и борци за човековите права во оваа дестабилизирана сегашност и со идеја за општество каде сите ќе се еднакви – за идните генерации“, рече тој.

Јована Јовановска информираше дека стартната точка на 29 јуни е паркот Жена борец во 11 часот, а маршот ќе започне точно на пладне. На самиот настан учесниците ќе добијат алка од Скопје Прајд, со која секој ќе може слободно да се движи во и надвор од определениот простор.

Јовановска посочи дека на крајната точка, Школка во Градски парк, за програмата ќе бидат задолжени дрег кралиците Линда Социјалиста и Каја Мор.

Покрај предвидените обраќања, ќе има и музичка програма во која ќе учествуваат Тамара Тодевска, Принцез Донатсу и диџеите Ивана Драгшиќ, Зоки Бејбе, Ири Скреч, Ана Мало и Узун Баба.

Антонио Михајлов од Организацискиот одбор рече дека во организацијата на Парадата на гордоста ја имаат поддршката и од извршната и законодавната власт.

„Имаме најава дека дел од министрите и пратениците ќе учествуваат на самиот настан, а свое обраќање ќе има министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Нашите пријатели и пријателки – активистите и активистките за ЛГБТИ права од Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора исто така ќе учествуваат, а дел од нив и ќе се обратат на насобраните присутни во Градски парк.

Скопје Прајд е сигурен и безбеден настан за сите, па ги повикувам ЛГБТИ луѓето, поддржувачите, и сите граѓани и граѓанки кои се залагаат за еднаквост и инклузивност, да ни се придружат“, рече Михајлов.

Организациониот одбор на „Скопје Прајд“ ја нагласи добрата соработка со Министерството за внатрешни работи во изминатиот период. Во таа насока, на прес конференцијата се обрати и портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски кој нагласи дека се преземаат сите мерки за сè да помине во најдобар ред и дека МВР ќе санкционира какви било инциденти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 29. јуни во Скопје две паради: Едната за подршка на ЛГБТИ заедницата, другата за за поддршка на традицијата, бракот и семејството

(ВИДЕО) И Македонци на Парадата на гордоста во Солун

Фото: Фејсбук/Skopje pride

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за надворешни работи вработува, плата до 30.561 денари

Редакција

(ФОТО) Иванов: Јас веќе гласав пред 27 години, на 30 септември нема да излезам да гласам

Редакција

Средба Касами-Рикер: „Срдечен поздрав“ за ДУИ од Вашингтон

Редакција