еМагазин
Image default
Локално

Skopje Cocktail Week, настан во градот кој ја слави коктел културата

Во периодот од 17 до 24 октомври, по трет пат, се одржува Skopje Cocktail Week, настан кој се случува на иницијатива и во организација на Гемак -компанија која 27 години е присутна на пазарот  како ексклузивен партнер на светската компанија Diageo, како застапник на познатите брендови:  Johnnie Walker, Smirnoff, Captain Morgan, Baileys, Bulleit whiskey, CIROC и Zacapa.

Идејата, преку овој „фестивалски„ настан, е да им се даде поддршка на локалите да ја креираат својата понуда според високи светски стандарди, а со тоа и да им се овозможи едно поинакво искуство на гостите во локалитеза оваа есен/зима сезона.

„Во текот на годината како компанија, организираме голем број на обуки за бармените низ Македонија, па и овој пат преку работилница која се одржа ден пред да започне Skopje Cocktail Week, ги информиравме и едуциравмесопствениците на локалите и бармените за новитетите во сезоната што следува.

Станува збор за избор на коктели кои се соодветни за служење во зимскиот период. Драго ни е што сопствениците и бармените на локалите се се` повеќе заинтересирани за нашите обуки и за развој на коктел културата. Во услови на динамичен пазар и голема конкуренција на локали, сопствениците секогаш се трудат да бидат поинакви во поглед на својата понуда. На овој начин ние им даваме поддршка за да успеат во својата намера„, изјави претставник на Гемак.

Во рамките на настанот, кој ќе трае од 17 до 24 октомври, ќе бидат опфатени вкупно 12 локали во кои посетителите ќе можатда нарачаат и да вкусат 6 коктели.

„Настанот со своите две изданија досега, се изгради како бренд кој гостите во локалите го препознаваат по високиот квалитет на понудени коктели. Заради тоа ова трето издание, сопствениците проактивно побараа да се вклучат во овој проект. Како тим се радуваме на секоја нова соработка, со надеж дека бројот на локали кои го прават Skopje Cocktail Week, ќе биде уште поголем„,велат организаторите.

За  повеќе информации за програмата и мапата на локали каде ќе се одржи Skopje Cocktail Week следете ја: Facebook страната: www.facebook.com/skopjecocktailweek и Instagram страната: www.instagram.com/skopjecocktailweek.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска ќе биде гужва во сообраќај: Еве кои улици ќе бидат затворени

Редакција

Во сообраќајка загина 20-годишно момче

Редакција

Македонска работа: Украдени камери за следење на рисот во НП Маврово

Редакција