еМагазин
Image default
Бизнис

Скопска „Комунална хигиена“ со добивка од 15.7 милиони денари

Во првите шест месеци од 2019 година, јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од Скопје оствари вкупни приходи во износ од 605.824.837 денари и во однос на остварените приходи во истиот период во 2018 година во износ од 587.281.376 денари бележи зголемување за 3,16%.

ЈП „Комунална хигиена“ во овој период оствари позитивен финансиски резултат во износ од 15.715.919 денари, што е резултат на добивката пред оданочување во износ од 22.558.439 денари и пресметаниот данок од добивка во износ од 6.842.520 денари.

Во овој период претпријатието има собрано и транспортирано 72.495 тони комунален отпад или просечно 401 тон дневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Улици и патишта“ Скопје во првите шест месеци со добивка од 6.6 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството на Груби вработува 15 службеници

Редакција

ЖАС со блокирана сметка и загуба во првото полугодие

Редакција

„Кралско поле“ со марихуана ќе никне во Охрид

Редакција