еМагазин
Image default
Забава

На скопската пицерија „Мама Италиана“ ѝ се случи и тоа, им вратиле пица бидејќи ја доставиле премногу брзо

Скопската пицерија „Мама Италиана“ која врши испорака на пици, на нивниот фексбук-профил споделија невообичаено искуство. Пицата била вратена бидејќи била доставена пребрзо.

„7 и пол години постоиме…Дојде денот да дочекаме да ни вратат пица, бидејќи сме ја доставиле премногу брзо! По телефон сме кажале за 25-30 минути, доставена за 15. „Не ја сакам сега пицава, вратете ја оваа назад, сакам нова во 19:15”. Ќе доставиме нова во 19:15 оваа ја мавнавме додека го пишував ова,“, пишува на фејсбук-профилот на „Мама Италиана“.

„еМагазин“ нема рубрика „Верувале или не“, затоа невообичаеното искуство на вработените во пицеријата го објавуваме во „Забава“.

фото: Фејсбук-профил на „Мама Италиана“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Слушнете ја македонската песна за Евровизија

Редакција

(Видео) Почина легендарната Нина Спирова: Ни остави незаборавни песни

Редакција

(Фото) Саманта Фокс се венча со партнерката Линда Олсен

Редакција