Во ЈУ „Зоолошка градина Скопје“ почна изградбата на живеалиште за фламинга и пингвини. Како што соопшти скопската зоолошка, ова живеалиште ќе се гради етапно, а според рокот на изградба се очекува фламингата да пристигнат во октомври, додека пак пингвините на пролет.
Финансиите за изградбата на живеалиштето ги обезбеди Град Скопје.
Зоо Скопје за првпат станува дом на омилените егзотични птици, кои ќе живеат во дом правен по светски стандарди, се наведува во соопштението.
Фото: ЗОО
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.