еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Скопски Бетон продава хотели во Охрид, Дојран и Скопје

Акционерите на престојното Собрание на акционери на Бетон АД Скопје ќе одлучуваат и за продажба на три хотели, во сопственост на компанијата, информираат од таму преку Македонската берза.

Станува збор за продажба на хотелот Аура во Охрид, хотел во изградба, Бетон, во Скопје и за хотелот Бетон во Дојран.

“Се одобрува продажба на недвижен имот хотел Аура, кој се наоѓа во Охрид, викано место Свети Стефан, со вкупна површина од 3.525 м2, земјиште под зграда од 1.258 м2 и дворно место од 8.770 м2“, стои во предлог одлуката за хотелот Аура.

“Се одобрува продажба на недвижен имот хотел Бетон со компатибилни деловни намени во изградба – деловен центар во изградба, кој се гради на основа од 776 м2, на ул.Ѓорѓи Стругар 36, Скопје“, се вели во предлог одлуката за хотелот во Скопје.

“Се одобрува склучување на зделка со заинтересирана страна – склучување на Договор за купопродажба на хотел Бетон – Дојран со Друштвото за трговија на големо и мало Репро 21 ДООЕЛ Скопје.

Вредноста на купопродажниот Договор се утврдува на износ од 1.100.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на НБРСМ на денот на исплатата, без вклучен ДДВ, односно 1.298.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на НБРСМ на денот на исплатата“, се вели во предлог одлуката за хотелот во Дојран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопски Бетон со загуба

Скопски Бетон во првите три месеци работел со загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

33,8% од заразените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Редакција

До крајот на неделава нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и ветер

Редакција

ЈП Паркинзи на општина Центар купува систем за препознавање возила за два милиони денари

Редакција