еМагазин
Image default
Локално

Скопски манијак се самозадоволувал пред случајни минувачи

Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за насилен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.Ш.(26) од Скопје, ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело„задоволување полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик, информира МВР.

По превземените оперативни мерки и активности полициски службеници од Единица за насилен криминал го лишија од слобода Е.Ш., а во насока на утврдување на идентитетот на лице коешто во неколку одвоени случаи и за релативно краток временски период, вршело задоволување на полови страсти пред граѓани, случајни минувачи и тоа на 20.01. и 03.02. годинава на бул.„Кочо Рацин во Скопје и на 25- овој месец на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје.

По неговото лоцирање и лишување од слобода, од страна на оштетените извршено е позитивно препознавање во присуство на Јавен обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со спреј вперен кон вработена украл пари од маркет во Битола

Редакција

Детето од Прилеп кое исчезна во Тетово најдено во Скопје

Редакција

(Фото) УНЕСКО ги „искорна“ палмите во Охрид

Редакција