еМагазин
Image default
Бизнис

„Скопски пазар“ од трговска стана компанија за изнајмување имот

„Скопски пазар“ АД Скопје преку Македонската берза ја известува јавноста дека согласно структурата на приходите кои се остварени во 2018 година и соодветното известување во СПД образец како составен дел од поднесување на годишна сметка во Централниот регистар на Република Северна Македонија, на ден 21.03.2018 година со одобрување на годишната сметка од страна на надлежниот регистар, се промени претежната дејност на друштвото од Трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун во Издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп (лизинг).

„Промената на претежната дејност е регистрирана автоматски и во Трговскиот регистар на Република Северна Македонија“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопственикот на брендовите „Зара“, „Масимо Дути“, „Бершка“ ќе затвори 1.200 продавници, продажбата се сели на Интернет

Редакција

ЈП за државни патишта склучи договор со Неотел вреден 729,1 илјади евра

Редакција

Државата ќе ги подмири трошоците за ПЦР-тестови за странските туристи

Редакција