еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Скопски перверзии: Глутница кучиња, преплашени туристи и прес-дружба на Петре Шилегов

Македонија дефинитвно кризира од функционален, етички и морален аспект, а уште повеќе кризира главниот град Скопје кој е се повалкан, континуирано губи зеленило и од ден на ден станува позагаден.

Да биде работата уште „поперверзна“ градскиот татко Петре Шилегов реши да одбележи една година откако ја презеде функцијата градоначалник со таканaречена „Скопска прес-дружба“ на која постоеше очигледен обид со доза хумор и сеир на сопствена сметка да се оправда катастрофалното работење на Град Скопје, чија администрација во изминатиов период не презеде речиси ништо да се намали проблемот број еден – загадувањето на воздухот.

Уште поперверзно е што баш денеска на социјалните мрежи се појави фотографија од глутница кучиња во строгиот центар на градот кои беа во улога на одбор за пречек на петнаесетина странски туристи, кои вџашени од глетката не знаеја дали да фотографираат или да бегаат од градот.

Секој ден во билтените на МВР има понекој настрадан скопјанец од овие кучиња, кои пак се најмалку виновни што Град Скопје не знае како да им најде дом.

Како тргнала работата, од загаденост и кучиња скитници во иднина нема да смееме да излеземе од дома, па дури ни за гласање на следните локални избори.

Фото:Фејсбук/Град Скопје/Ивор Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лани намален бројот на доктори на науки и на магистри

Редакција

Детали од Обвинителство за младите сопружници кои се најдени починати со повреди во нивниот дом во Табановце

Редакција

Агенцијата „Реалност-06“ го доби тендерот на прилепски Комуналец за привремени вработувања тежок 22,6 милиони денари

Редакција