еМагазин
Image default
Бизнис

СКСЗМ: Граѓаните да се известат најмалку 48 часови пред да се ограничи движењето

За Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) неприфатлива е одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на Куманово во текот на целиот викенд, бидејќи сметаат дека е неопходно граѓаните да се известат најмалку 48 часови пред слични одлуки да стапат во сила.

„Оваа одлука е неприфатлива од фактот што е донесена само неколку часа пред да почне ограничувањето на слободното движење од 21:00 часот и еден ден пред да започне викендот, со што граѓаните на Република Северна Македонија се информираат само неколку часа порано.

Оваа ситуација создава заблуда и паника кај граѓаните од таа зона, кои од недоволно снабдување со основна храна се собираат во толпа од луѓе за да ги извршат потребните набавки.

Ваквата состојба го зголемува нивото на ризик од ширење на коронавирусот уште повеќе, факт што е во ничиј интерес за време на овој период на пандемијата COVID19“, порачуваат од СКСЗМ.

Апелираат до релевантните институции за каква било слична одлука што ќе се донесе, да се известат граѓаните најмалку 48 часа пред таа да влезе во сила.

„Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија секогаш настојува да ја одржи соработката со државните институции на највисоко ниво и високо го цени воспоставеното партнерство со истите институции.

СКСЗМ секогаш ќе придонесува да се создаде поволно опкружување за бизнисите во земјата и за таа цел ќе реагира за сите избрзани и погрешни одлуки на Владата, како што е примерот со одлуката на Владата за ограничување на движењето во градот Куманово т.е се ограничува движењето на граѓаните почнувајќи од петок (03.04.2020) од 21:00 часот до понеделник (06.04.2020) до 05:00 часот“, велат од СКСЗМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се движи кумулативната инциденца спордено со Дебар: Куманово се поблиску до карантин

Градоначалникот на Куманово апелира на смиреност: Ќе има асистенција за најнеопходното

Целосна забрана за движење во Куманово од вечер во 21 до понеделник во 05 часот

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со “Спектартермо“ вреден 987,8 илјади евра

Редакција

Зоран Трифуновски на местото на Хари Локвенец во Железници-Инфраструктура

Редакција

Европа со зголемена добивка во првите три месеци

Редакција