еМагазин
Image default
Македонија

Судот има три дена да одлучи дали Груевски ќе оди во затвор

Сите жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот на поранешниот премиер Никола Груевски се пристигнати во судот, потврдија од Кривичениот суд.

Од судот информираат дека од утре тече рокот од три дена во кои Кривичниот совет треба да донесе одлука по жалбите.

Груевски денеска требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“. Вчера собраниската Комисија за мандатно и деловнички прашања, по барање на судот, препорача да му биде одземен мандатот на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Конечната одлука за неговиот имунитет треба да ја донесат пратениците на утрешната пленарна седница. За да му биде одземен имунитетот, неопходно е за тоа да се изјаснат две третини од вкупниот број на пратеници.

Груевски беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај за предметот „Тенк“ за набавка на мерцедесот вреден 600 илјади евра.

МИА/Фото: Фејсбук/Никола Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 1.247 болни од Ковид-19

Редакција

Финансиска помош од Македонија за Хрватска од 100.000 евра

Редакција

(Фото) Двајцата ковид-позитивни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, во скафандери пристигнаа во Собранието

Редакција