еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Словенечка Заваровалница Триглав достави барање за трето пензиско друштво на пазарот

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека Заваровалница Триглав д.д. од Република Словенија достави Барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, информираат од МАПАС.

„Процесот за  основање ќе се одвива под целосна контрола од страна на Агенцијата согласно македонското законодавство во најдобар интерес на пензискиот систем. Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет лица биле на возраст од 20 до 39 години: За една недела 127 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Одлуката за „замрзнување“ на цените на прехранбени производи може да ја продлабочи кризата, велат од ССК

Редакција

Нов „хибриден напад“ врз Заев од лица кои се претставиле како Грета Тунберг

Редакција