еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Словенија донираше маски и ракавици за полицијата во износ од 110.000 евра

Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја прими донацијата од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи што се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра.

„Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници кои во рамки на своите работни обврски и задачи деноноќно се изложени на ризикот од зараза со корона вирусот,“ изјави Чулев.

Амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец рече дека Словенија е прва-земја членка на Европската унија и НАТО што дава билатерална донација за полициските службеници.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка АД Скопје добитник на Националната награда за општествена одговорност за 2018 година

Редакција

На изборот „Сајт на годината 2021“ НЕЛА на НЛБ Банка освои второ место за најдобра автоматизирана алатка чет бот

Редакција

Компанијата „дм дрогерие маркт“ донираше респиратори во вредност од 36.600 евра

Редакција