еМагазин
Image default
Локално

Случајни минувачи му го спасиле животот на изрешетаното момче во Ченто

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, со кривична пријава го предаде А.М.(26) од Скопје, поради основи на сомнение дека на 24.09.2018 година со повеќе истрели од огнено оружје се обидел да го лиши од живот Ј.Б.(22) од Скопје, со што сторил кривично дело „Убиство во обид“ предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 од КЗ, информира МВР.

На 24.09.2018 година околу 00,05 часот на крстосница на улиците „Дормиторскa“ и „Алија Авдовиќ“ во населба Ченто пријавениот A.M. го пресретнал Ј.Б., излегол од возило и од автоматска пушка пукал кон оштетениот, кој управувал патничко моторно возило “Мерцедес”.

Повредениот од случајни минувачи бил однесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде е задржан на понатамошно лекување.

Од страна на полициски службеници извршен е увид на местото на настанот. По преземените мерки и активности дојдено е до сознанија дека можен сторител на кривичното дело е А.М. и истиот од страна на полициски службеници е лишен од слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го изрешетале во „Мерцедес“: Тешко повредено 22-годишно момче од скопско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски инспектор во Струмица од невнимание испукал куршум во канцеларија

Редакција

Обљуба врз 18-годишна девојка во Струмица: Еден ја силувал, двајца му помагале

Редакција

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Редакција