еМагазин
Image default
Македонија

Случајот пред финале: Завршни зборови на „Рекет“

Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција на денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје, ќе ги каже завршните зборови за случајот „Рекет”, за потоа и одбрана на обвинетите да ги даде своите завршни зборови.

На последните рочишта за овој судски предмет својата одбрана ја даде обвинетата Катица Јанева, (поранешна прва обвинителка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО)) која ги отфрли обвиненијата против неа и истакна дека законски ја вршела својата работа додека било на чело на СЈО.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, за осомничениот во предметот „Империја”, Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Меѓу обвинетите за овој предмет каде прв пат во историја на државата во обвинение е опфатен еден обвинител беше и Зоран Милески – Кичеец, но уште на првото рочиште тој ја прифати вината и Кривичниот суд го осуди на три години затвор (неправосилна одлука).

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Супервештачењата за несреќата кај Ласкарци денеска во Кривичен суд

Редакција

Осуда од ЗНМ и АВМУ за понижувачкиот однос на кандидатот за градоначалник, Лимани кон новинарката Садику од ТВ21

Редакција

Нови 105 случаи на Ковид-19, оздравени 49, нема починати

Редакција