еМагазин
Image default
Македонија

Случај „Рекет“: Кој е бизнисменот Стајиќ кој на Фејсбук објави дека бил рекетиран

Бизнисменот Владимир Стајиќ кој објави дека бил рекетиран од страна на еден од обвиниетите во случајот “Рекет„ на Јавното обвинителство, е сопственик на компанијата „Супертрејд“, која е ексклузивен партнер на американската компанија Gulf Oil. Оттука тој ги поседува бензинските станици Gulf Oil во земјава.

Друштвото за производство, промет и услуги Супертрејд е основано во 1991 година. Приоритетна дејност е трговијата на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи, стои на веб-страницата на компанијата.

„До 2011 година, Супертрејд главно е фокусиран на развој на малопродажниот сектор на нафта и нафтени деривати и друга трговска стока, преку својата сопствена бензинска пумпа, во чии рамки има и мини маркет со внимателно одбран асортиман на потрошувачки производи, козметика за автомобили и моторни масла„, пишува на веб страната.

Во 2012 година, Друштвото врши промена на стратегијата и започнува со увоз на нафта и нафтени деривати и таа деловна одлука за развивање на големопродажбата и директниот увоз на нафта и нафтени деривати беа пресудни за растот на приходите во однос на претходната година, велат од компанијата.

„Денес, Супертрејд игра значајна улога на домашниот и регионалниот пазар, преку дистрибуција на над 100 милиони тони нафта и нафтени деривати во Република Македонија и соседството, а воедно е вториот најголем увозник на нафта и нафтени деривати во земјата, во согласност со извештајот на Регулаторна Комисија за енергетија на Република Македонија.

Имајќи ја предвид доминантната дејност, Супертрејд ДООЕЛ за непречено работење е ексклузивен партнер на исклучиво висококвалитетните горива на американската компанија Gulf Oil“, стои на веб страната на компанијата.

ПОВРЗНИ ВЕСТИ

Бизнисменот Стајиќ на Фејсбук објави дека бил рекетиран, случајот ќе го пријави во Обвинителство

КОД: Катица Јанева на спикерфон додека Боки 13 барал рекет

Боки 13 е најголемиот „рекетар“ во Македонија? Нема други?

Фото: Фејсбук/Стајиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

686 казни за неносење маска

Редакција

Мојаноски: МПЦ ќе го добие Томосот и ако Бугарската православна црква не ја признае

Редакција

Николоски: Немаме сознанија дека Никола Груевски влијаел врз гласањето на пратениците

Редакција