еМагазин
Image default
Македонија

Случај „Талир“: Продолжува судењето за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Минатото рочиште беше одложено на барање на одбраната, поради отсуство на обвинетиот Леко Ристоски.

Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес се уште се наоѓа на почеток и веќе неколку месеци се одложува поради неприсуство на некој од обвинетите или Судскиот совет, но и менување на бранителите и застапниците на ВМРО-ДПМНЕ, како и барање за автентично толкување на став од Законот за СЈО.

Застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО.

Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди, бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев слетал на софискиот аеродром поради невремето во Скопје 

Редакција

Од Ковид-19 почина еден пациент од Дебар

Редакција

Левица бара оставка, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична за Џафери, оти во Европскиот парламент се обрати на албански

Редакција