еМагазин
Image default
Македонија

Случај „Талир“: Продолжува судењето за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Минатото рочиште беше одложено на барање на одбраната, поради поднесено барање за автентично толкување во Собранието на членот 22 од законот за СЈО.

Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди, бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицотакис: Голема грешка е што во Договорот од Преспа се дозволи македонски јазик и македонската етничка припадност, но се стремиме кон добри односи

Редакција

Нови 464 случаи на Ковид-19, во Скопје 225

Редакција

За 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализиран еден нов пациент

Редакција