еМагазин
Image default
Локално

Случаен минувач пронашол рачна бомба од Втората светска војна на брегот на Дебарско Езеро

На брегот на Дебарско Езеро во месноста наречена „венец“ вчера е пронајдена стара експлозивна направа, рачна бомба.

Случаен минувач експлозивната направа ја забележал во 13:35 часот по што пријавил во Полициската станица од општа надлежност во Дебар.

Подрачјето беше обезбедено од полициски службеници се до 18 часот, кога овластено службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување изврши безбедно подигнување.

„Констатирано е дека се работи за рачна бомба од италијанско производство што потекнува од Втората светска војна“, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајка на две малолетни деца убиена во охридското село Велгошти

Редакција

67-годишниот маж од Стајковци го убил братот и сопругата на друг брат кој бил починат

Редакција

Малолетници во бесознание и со повреди по телото пронајдени во куќа во Скопје

Редакција