еМагазин
Image default
Техно

Сметките за струја нема да можете да ги плаќате во Пошта, кои се алтернативните начини

ЕВН Македонија ги информира корисниците дека како резултат на последните случувања со Еуростандард банка, истите не ќе бидат во можност да извршат уплати за фактури за потрошена електрична енергија и други услуги на ЕВН преку Македонска пошта.

Ова произлегува од фактот што Македонска пошта својот платен промет го реализираше преку Еуростандард Банка.

Меѓутоа, ЕВН располага со повеќе алтернативни решенија за плаќање кои корисниците може да ги користат периодов, и тоа:

– онлајн плаќање без провизија преку веб страната evnonline.mk

– безготовинско плаќање без провизија, преку терминалите на ЕВН поставени во Корисничките енерго центри и Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ

-електронско плаќање без провизија

-користење на траен налог

– плаќање во сите други банки.

Сите горенаведени опции се отворени, но поради ситуацијата со корона вирусот ги поттикнуваме корисниците да ги искористат многубројните онлајн услуги на ЕВН, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корисниците на социјална и детска заштита кои биле клиенти на Еуростандард банка можат да ги подигнат средствата од други банки

Сите детали: Што треба да направат пензионерите кои земале пензии преку Еуростандард банка?

Стечајот на Еуростандард банка ја „парализира“ Поштата: Запрено плаќањето на сметките, исплата на пензии…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новоформираниот Центар за дигитална трансформација нуди меѓународно сертифицирани обуки

Редакција

Започна третиот Камп за високотехнолошка извонредност во Охрид на Македонија2025

Редакција

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Редакција