еМагазин
Image default
Бизнис

Сметководителите бараат УЈП да ги реши техничките проблеми со системот е-даноци

Комората на сметководители бара ургентно решавање на техничките проблеми во системот е-даноци на УЈП и продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-пријавите.

„Голем број компании членови на Комората на сметководители не известија дека се соочуваат со технички проблеми од системот на е-даноци односно сметководителите имаат пречки да воспостават врска со системот на е-даноци.

Согласно рокот за поднесување на ДДВ-пријавите, решавањето на техничките проблеми е неопходно да се спроведе со најбрз можен рок, за да може соодветно да се поднесат и пријавите во работно време и да се овозможи дополнителен рок за истото“, се во барањето на Комората до УЈП.

Во однос на овие проблеми, во интервју за „еМагазин“, диркторката на УЈП, Сања Лукаревска рече дека забавеноста се случува поради преоптовареност на системот кој е во една „закрпена“ форма.

„Кога нешто е лепено и закрпувано и само е натрупувано на него, тогаш како да очекуваме да оди глатко. Имаме технички проблеми, но не треба да се оди со напади или дека сајтот е небезбеден. Не сакам да зборувам што наследивме и кој се имал право да влезе во тој систем. Тука се правеле каубојски работи, но сакаме да ги исправиме. Многу реформи кои ќе се спроведуваат се врзани за доброто работење на УЈП, се врзани и со доброто работење на ИТ-системот“, објаснува Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запознајте ги чуварите на јавните пари: На директорката Лукаревска, УЈП и е втор дом

(Галерија) Лукаревска: Правилно постапив што го послушав татко ми и не станав актерка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Згасна ќерката фирма на Тетекс – Петролгас

Редакција

Поради корона вирусот: „Македонијатурист“ со загуба од 12,6 милиони денари за шест месеци

Редакција

Оилко со зголема добивка од 147% во првото полугодие

Редакција